Почетна

Традиција во секоја капка

Семејна винарија со капацитет од 15.000 литри и страст што трае повеќе од три децении

За нас

Bango Winery е семејна винарија основана од љубов кон лозарството и виното уште во 1991 година. Првите количини беа создадени за сопствени потреби, а денес гордо продолжуваме со истата страст и посветеност.

Нашите лозови насади се одгледуваат во Тиквешкиот регион – најпознатата винска област во Македонија.

Основната линија го носи името „Македонија“, инспирирано од убавините на нашата земја. Етикетата ја краси сонцето и контурите на Шар Планина.

Основни вина

Macedonia - Vranec

Суво црвено вино добиено од сорта на грозје Вранец, со контролирано и гарантирано потекло произведено од сопствени лозови насади.


Се одликува со нежна рубина црвена боја со арома на црвено зрнесето овошје.

Се служи на темература од

15 до 18 °C

Macedonia – Sauvignon Blanc

Суво бело вино добиено од сорта на грозје Совињон Бланк, со контролирано и гарантирано потекло произведено од сопствени лозови насади.

Се одликува со специфична жолта-зелена нијанса со арома на цитросно овошје.

Се служи на темература од

8 до 10 °C

Macedonia - Merlot

Суво црвено вино добиено од сорта на грозје Мерло, со контролирано и гарантирано потекло произведено од сопствени лозови насади.

Ова вино се одликува со длабока рубин црвена боја и привлечна арома на зрели црвени плодови како цреша, слива и шумско овошје.

Се служи на темература од

16 до 18 °C

Macedonia – Riesling

Суво бело вино добиено од сорта на грозје Ризлинг, со контролирано и гарантирано потекло произведено од сопствени лозови насади.

Ова вино има изразена свежина и овошен карактер. Во аромата се преплетуваат ноти на зрела праска, јаболко и цитрус, проследени со лесни минерални тонови.

Се служи на темература од

8 до 10 °C

Премиум вина

Macedonia - Vranec Barrique

Квалитетно суво црвено вино добиено од сорта Вранец, зреено во дабови буриња.

Вино со полно тело кое се одликува со темно црвена рубина боја. Има арома на вишна и шумско овошје и тонови на ванила.

Се служи на темература од

16 до 18 °C

Simon – Vranec Barrique

Вино создадено од врвно селектирано грозје од сортата Вранец, од најдобрите лозови насади. Зреено во внимателно одбрани дабови буриња, каде ја достигнува својата благородна структура и длабок карактер.

Simon Vranec Barrique е вино со полно тело, меки танини и долготраен финиш што остава траен впечаток. Секое шишe е ограничено издание, создадено со страст и посветеност кон највисоките стандарди на квалитет.

Се служи на темература од

16 до 18 °C

Maja - Rose

Ова розе вино е создадено од внимателно одбрано грозје.

Се одликува со ароми на јагода, малина и лесен цветен карактер, нуди совршен баланс помеѓу свежина и елеганција.

Се служи на темература од

8 до 10 °C

0
    0
    Вашата кошничка
    Вашата кошничка е празнаВрати се во продавница
    Scroll to Top