За нас
Bango Winery е семејна винарија основана од љубов кон лозарството и виното уште во 1991 година. Првите количини беа создадени за сопствени потреби, а денес гордо продолжуваме со истата страст и посветеност.
Нашите лозови насади се одгледуваат во Тиквешкиот регион – најпознатата винска област во Македонија.
Основната линија го носи името „Македонија“, инспирирано од убавините на нашата земја. Етикетата ја краси сонцето и контурите на Шар Планина.
